Ирена Јакимова

Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.

Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициран тренер за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant.

Соработници

Коста Карпузовски

Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерските квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.

Весна Кардалевска

Весна Кардалевска е сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Practitioner и сертифицран практичар на програмата Systemic Dynamic Work Method.
По формално образование лингвист, двоен магистер по Југостисточно европски студии и Бизнис администрација (MBA), Весна е долгогодишен менаџер со 20 години богато работно искуство во меѓународни и мултикултурни организации.
Како сертифициран специјалист за подобрување на човечките и институционалните капацитети (Certified Performance Technologist), Весна долги години работи на организацискиот и човечкиот развој на различни институции и компании во земјава, а во последните четири години фокусот го става врз личниот и професионалниот развој на претприемачите во Македонија и Југоисточна Европа, преку спроведување на обуки за комуникациски и презентациски вештини, вештини за справување во конфликтни ситуации, како и преку одржување на индивидуални и групни coaching сесии. Во улогата на директор на Hub Скопје, Весна дава директна поддршка на старт-ап заедницата и младите претприемачи, поттикнувајќи го нивниот напредок.
Како лидер на тимови од различен состав и големина, како човек кој е ориентиран кон луѓето, Весна секојдневно ja практикува својата лична мисија на coach –ги поттикнува луѓето на отклучување на нивните сопствени внатрешни ресурси со цел да ги постигнат посакуваните промени, и ги насочува кон личен раст и развој. Нејзината работа се заснова врз практицирање на НЛП техники како и методи на системски динамики.

ПСИХОЛОЗИ

Кате Трајкова

Кате Трајкова е психолог за организациски и професионален развој, сертифициран Points Of You practitioner и сертифициран обучувач и евалуатор за CAF стандард за менаџмент на квалитет. Таа е доктор на науки по менаџмент, во областа на стратешкиот менаџмент. Магистер по менаџмент на човечки ресурси во областа на организациското однесување Во својата кариера има повеќе од десет годишно богато работно искуство на менаџерски позиции во јавен и приватен сектор во областа на менаџмент на човечки ресурси. Главен фокус и интерес на нејзината работа се корпоративниот и индивидуален развој на вработените, организациското однесување, развој на стратегии и практики за општествена корпоративна одговорност и примена на алатки за менаџмент на квалитет (Common Assessment Framework, Investor In People). Применува индивидуален менторски и тимски пристап на работа за развој и јакнење на потребните компетенции и лични вештини за подобра продуктивност и деловен развој темелени на пристапот на позитивната психологија.

Други тренери, коучеви, психолози – сите со долгогодишно искуство во областа на развојот на човечките капацитети и меки вештини. Професионални и обучени по меѓународни методологии.