Inspirit Coaching : Што добивте од обуката за жени ,,TИ СИ ТАА” и зошто би ја препорачале оваа програма на друга жена?

Андријана: Обуката ,,ТИ СИ ТАА” е нешто што сите го посакуваме, а тоа е да го извадиме најдоброто од себе. Оваа обука ми даде јасни насоки за мојата иднина и ми помогна да воспоставам подобра комуникација пред се’ со самата себеси, но и сите останати. Сите имаме желби кои стануваат реалност само со акција. Ирена, со оваа обука ни ги посочи чекорите за акција и успехот. Засекогаш ќе бидам благодарна што постојат луѓе (како Ирена) кои максимално се трудат да го освестат делот во нас нивна, наша и заедничка подобра иднина за нас и идните генерации.
Секој почеток е тежок и луѓето се специфични на промени и нешто ново, но јас, сакам да Ве охрабрам дека вербата во нас и во нашиот квалитет е она што ни дава сила да одиме уште похрабро кон успехот, за доброто на сите нас!