When:
November 14, 2018 @ 12:00 pm – November 15, 2018 @ 6:30 pm
2018-11-14T12:00:00+01:00
2018-11-15T18:30:00+01:00
Where:
Инспирит Коучинг
ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
Contact:
Душица Павлеска
078/ 262 279

ОБУКА ЗА ЈАВЕН НАСТАП

 

 

Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете вашата идеја, вашата порака, да го продадете вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП.

Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. Сепак, поголемиот дел од извршните директори и вработените продолжуваат да ја занемаруваат и не ја забележуваат користа на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори да ја совладаат оваа вештина.

Може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна бизнис идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефективност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.

Независно дали вашата цел е подобрување на професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, ќе треба да ги усовршите вештини за да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.

Затоа, ја подготвивме за вас оваа обука за Јавен настап за да добиете усовршување на самодовербата и процесот, за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи. Дознајте зошто беа задоволни од оваа обука за Јавен настап веќе стотина учесници, од разни професии, компании, приватни, јавни и меѓународни институции.

 

Со примена на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и основни правила од односите со јавноста (PR), преку упатства, насоки и практични вежби, по оваа обука за Јавен настап, учесниците се способни:

  1. да се подготват за јавен настап (public speaking) со поголема леснотија, јасна намера и структура;
  2. да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста;
  3. полесно да настапат и на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.

Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и закуски.

Секој учесник добива:

  • сертификат за учество,
  • работни материјали

Групата е ограничена на најмногу 10 учесници.

Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А стан: 2 (позади Симпо на ул. Партизанска)

Агенда:
Среда, 14-ти ноември 2018 (12h – 18:30h)
Четврток, 15-ти ноември 2018 (12h – 18:30h)

Обуката опфаќа: подготовка на материјалот, лична подготовка, психо-физичка подготовка и увежбување на настап.


Контакт за повеќе информации или пријава:

contact@inspirit.mk,

078/ 262 279 и (02) 6 092 630


За тренерите:

1. Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.

Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициранa за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant.

 

2. Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно
идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој
е инженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.