When:
July 2, 2019 @ 10:00 am – July 3, 2019 @ 5:00 pm
2019-07-02T10:00:00+02:00
2019-07-03T17:00:00+02:00
Where:
Инспирит Коучинг
ул. Гиго Михајловски бр. 9А/2
Cost:
6.200 денари
Contact:
Душица Павлеска
078/ 261 298

ОБУКА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ
Автентично женско лично водство и лидерство!

Женско лидерство

Дали барате нови начини да станете повеќе видлива? Дали сакате да разберете зошто и како се сокривате? Дали сакате да научите да дејствувате со поголеми и лесни чекори? Нашата обука за јакнење на жените нуди убава шанса да бидете подобра лидерка за себе, за својот живот, за луѓето што ви значат, за компанијата каде што работите, за општеството!

лидерство

Жените се соочуваат со уникатни предизвици на работното место, во комбинација со сите улоги од животот. Исто така, жените додаваат уникатна вредност и единствена перспектива во компаниите. Тие имаат многубројни идеи, ја подобруваат комуникациската динамика и придонесуваат за поголема конкурентност на компаниите. Жените носат значителни придобивки во светот на бизнисот!

Ретка можност за жени со потенцијал да се соберат на едно место и да ги разменат своите искуства во една комфорна, релаксирана средина каде ќе допрат до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа, а преку длабоко запознавање на специфичните процеси на размислување, носење одлуки и дејствување, карактеристични за жените.

Обука за женско лично водство и лидерство за сите жени што се прашуваат себеси:

  • Која сум јас за да направам разлика?
  • Дали сум способна да го направам тоа?
  • Дали можам да успеам во овој бизнис, во овој проект, во ова хоби, во оваа функција, во оваа улога, овој потфат?
  • Дали смеам?

женско лидерство

Оваа обука е за сите вас!

Жени со големи таленти, идеи и визија.
Жени што не ја гледаат својата извонредност!
Жени што ги задржуваат за себе своите идеи, наместо да ги споделат!
Жени што ги одложуваат проектите и смислуваат куп изговори за да играат на ситно и на сигурно!

Со поддршка од искусен тренер и проверени светски методологии, оваа обука ќе ви помогне да достигнете ново ниво на самодоверба и поголемо чувство на сопственост над сопствениот лидерски потенцијал. Воедно, со поширока слика и можности за целиот животен баланс и лична среќа.


Придобивки за учесниците:

  • осознавање на личниот потенцијал;
  • поголема самодоверба во сè што правам;
  • намалување на чувството дека сум премногу млада, премногу стара или не сум доволно експерт за да го направам она што го сакам;
  • препознавање на внатрешните процеси на размислување;
  • препознавање, прифаќање и одговор на стравите што го ограничуваат мојот напредок;
  • полесна комуникација и изразување;
  • намалување на чувството на зависност од одобрување од другите луѓе и полесно соочување со критиките што доаѓаат кога правиме нешто важно или иновативно;
  • преземање мали, ама похрабри акции;
  • подобрување на лидерското присуство и влијанието како лидер;
  • одржување долгорочни акции за да се стигне до сопствените цели, до она што се сака;
  • дружење со другите жени, менаџерки и лидерки, размена на искуства и мислења, чувство дека не сте сами и единствени;

ПРАВЕЊЕ ПОГОЛЕМИ ЧЕКОРИ И ПОКРАЈ СОМНЕЖИТЕ, СТРАВОТ И ЧУВСТВОТО НА ВИНА!

женско лидерство

Придобивки за организацијата:

  • Учесничките стекнуваат вештини и алатки кои ќе ги направат поефективни;
  • Комбинацијата од обука и коучинг, заедно со применливи техники, им овозможува на учесничките да го осознаат сопствениот потенцијал и ПОБРЗО, ПОХРАБРО, ПОЛЕСНО да го пренесат своето знаење во пракса, а тоа да донесе поврат на инвестицијата;
  • Искористување на моќта од разновидноста во вашата организација. Истражувањата покажуваат дека лидерски тимови составени и од мажи и од жени, се поуспешни.
  • Придобивки од позитивните ефекти преку зголемување на самодовербата и подобрување на лидерските вештини кај жените менаџерки.
  • Задоволство, баланс, припадност.


Користиме светски применети методологии што даваат резултати.
1. Coaching for Excellence
2. Points-of-You (www.points-of-you.com)
3. Playing Big – Tara Mohr Програмата се состои од повеќе модули.

playing big

Агенда:
28-ми јуни, петок, 10h-17h
29-ти јуни, сабота, 10-17h

Пола ден во август.

Се договара дополнително со групата.


Котизација:

6.200 денари, ДДВ вклучено

Обуката се одржува во пријатен и модерен простор, со кафе-паузи, освежувања и закуска.
Подготвени се работни материјали (работна тетратка со вежби).
Сертификат за учество.


Повеќе информации или пријава на:

contact@inspirit.mk или 078/ 261 298

Инспирит Коучинг