When:
June 6, 2019 @ 10:00 am – June 7, 2019 @ 5:00 pm
2019-06-06T10:00:00+02:00
2019-06-07T17:00:00+02:00
Where:
Инспирит Коучинг
ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
Contact:
Душица Павлеска
078/ 261 298

ОБУКА ЗА ЕФЕКТИВНА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со ЕФЕКТИВНА комуникација.

Со обуката за ефективна професионална комуникација:

  • Научете и извежбајте ги главните техники во напредната, ефективна и влијателна комуникација (преговори, продажба или односи со клиенти, менаџирање, мотивирање или комуникација со колеги, претпоставени и во тимот);
  • Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ;
  • Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство, да ве разберат и да ве следат;
  • Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација,  испраќајте попрецизни и ефективни пораки;
  • Научете да ги „читате“ луѓето: Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив;
  • Ослободете се од стресот што го произведуваат некои „тешки“ ситуации и можните конфликти;
  • Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.


ИНСПИРИТ Коучинг повторно ја организира уникатната, применлива и моќна обука за комуникација, во којашто, со врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:

  • Разбирање и усовршување на процесот и вештините на комуникација во разни ситуации;
  • Комбинација од пристапи како невро-биологија и лингвистика (НЛП) (https://en.wikipedia.org/wiki/Neuro-linguistic_programming), позитивна применета психологија SDI – Personal Strengths (www.personalstrengths.mk)

По завршувањето на обуката, учесниците се способни:

А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)

Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот

В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација

Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна


Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и закуска.
 
Секој учесник добива:

  • работни материјали,
  • сертификат за учество,
  • интернационален личен профил по Personal Strengths (SDI), со упатства (вредност 20 ЕУР).

Агенда:
Четврток, 6 јуни 2019 (10:00 – 17:00)
Петок, 7 јуни 2019 (10:00 – 17:00)


Групата е ограничена на 10 учесници.

За повеќе информации или пријавување: contact@inspirit.mk,

078/ 261 298

Контактирајте не и за понуда креирана според видот и потребите на вашата компанија!


Обука за јавен настап
28-ми и 29-ти мај
Специјален попуст на пакет обуки:
Јавен настап и Ефективна професионална комуникација
Побарајте понуда!

 

За тренерите:


1. Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.

Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициранa за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant.

 

2. Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно
идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој
е инженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.